ЧУДОТВОРНИ МЕСТА СО ЛЕКОВИТИ ВОДИ ВО БЛИЗИНА НА СКОПЈЕ!

Лековитите води во „Светите Кузман и Дамјан“
Во подножјето на ридот со манастирскиот комплекс, под археолошкиот локалитет Говрлево, во близина на Долно Солње, се наоѓа црквичката „Светите Кузман и Дамјан“, која е позната меѓу верниците по лековитата вода што извира во нејзиниот олтарен дел.
Изградена во поново време, 1936 година, на место на кое извирала вода, оваа црква е дел од пресното сеќавање на жителите на околните села.




На само неколку метри од нетипичниот храм со лековита вода во олтарот, се наоѓа уште една чешма, според многумина, со чудотворна моќ. Се верува дека водата за подмладување, како што ја нарекуваат, благотворно помага при ослабен имунитет и дека сите што пиеле од неа починале од старост, а не од болест
Tрудното дрво кај манастирот „Св. Богородица”




На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот “Света Богородица”. Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни.




Приказната за трудното дрво се случила пред две години, за кое, како што велат мештаните и домаќини на манастирот, им помага на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца. Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница.




Најпрво треба да се наполни вода од манастирската чешма, мажот и жената потоа треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата, потоа да се упатат кон дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото.
Kаменот во манастирот Свети Никита
Малиот, стар манастир, посветен на великомаченикот Свети Никита, сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, на надморска височина од 565 метри, помеѓу селата Горњане, Бањани и Чучер. Таму, меѓу старите ѕидови на црквата, почиваат моштите на великомаченикот, за кои се верува дека имаа огромна ноќ.
Моќта не е во каменот, моќта е во коските, а тој е само начин да се поврзе верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува во Бог и неговата мака, болка или желба полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба.
За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така три пати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата “оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата.