Шведски ќофтиња во кремаст сос

Потребни состојки:
500 гр мелено месо
1 мал кромид
2 чешниња лук
сол и бибер
половина лажичка морско оревче
1 јајце
малку лебни трошки

За сосот:
масло или путер
2 лажици брашно
300-500 мл говедска супа
200 мл павлака за готвење
1 лажичка сенф
1 лажица ворчестер сос

Начин на подготовка:
Исечкајте го кромидот, изгмечете го лукот и додајте го месото. Додајте ги јајцето, морското оревче, сол и бибер, малку лебни трошки и замесете сè заедно.

Направете ќофтиња со влажни раце и печете на средна температура. Пропржете го брашното во мрснотијата што ќе остане од ќофтињата. Потоа ставете ги супата и павлаката, а крајот додајте ги сенфот и ворчестер сосот. Прилагодете ја густината со додавање супа, во зависност од тоа дали сакате сосот да биде поредок или погуст. Кога сосот ќе биде готов, додајте ги ќофтиња и гответе уште 5 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *