Што се висцерални масти и зошто се опасни по здравјето?

За висцералните маснотии не се зборува доволно надвор од здравствената и медицинската заедница, а тоа е скриен проблем кој може да предизвика сериозни последици.
Висцералните маснотии се наоѓаат длабоко во вашиот стомак и ги обвиваат вашите витални органи и повеќето луѓе не знаат дека имаат висцерална маст.
Eat This, Not That разговараше со Шон Маркезе, регистриран медицински техничар со искуство во клинички испитувања на онкологија и повеќе од 15 години искуство во директна грижа за пациентите, кој објасни зошто висцералните масти се толку нездрави и што ги предизвикува.
Зошто висцералните масти се толку опасни?
Маркезе објаснува: „Терминот висцерална се однесува на длабоки ткива или органи, а висцералната маст вклучува складишта на телесни масти лоцирани длабоко под кожата, блиску до органите како што се црниот дроб и цревата.




Поради близината до основните органи и телесни системи, висцералните маснотии можат да предизвикаат проблеми со метаболизмот, варењето или дури и со срцето и нервниот систем. Висцералните масти може да предизвикаат абнормални нивоа на хормони и сигнали од имунолошкиот систем наречени цитокини, потенцијално токсични за кардиоваскуларниот систем.“
Зошто повеќе луѓе не знаат за висцералните масти?
„Поткожното масно ткиво сочинува околу 90% од телесните масти и се наоѓа веднаш под кожата“, вели Маркезе.
„Многу луѓе можеби не сфаќаат дека постојат различни видови маснотии и дека висцералните маснотии се многу поопасни“, рече тој.




Еден од знаците дека имате висцерална маст е облик на телото во форма на јаболко, наспроти облик на круша, што укажува на таложење на маснотии под кожата на колковите.
Како луѓето да знаат дали имаат висцерална маст?
Според Маркезе, телесните промени предизвикани од висцералните масти се суптилни, но сепак забележливи.




„Доколку чувствувате дека обликот на вашето тело се променил со текот на времето или имате промени во расположението, метаболизмот и апетитот (знаци кои многу луѓе ги поврзуваат со стареењето), зголемувањето на висцералните маснотии може да биде виновникот“, рече тој.
Генетика
Постојат многу начини за спречување на висцералните маснотии, но не можеме ништо да направиме за генетиката. Маркезе вели: „Научните докази ни кажуваат дека нашите гени може да играат улога во распределбата на телесните масти, што објаснува зошто имаме различни типови на тело и форми“.
Еден начин да се избегне висцерална маст е да останете активни




Маркезе наведува: „Кога вежбаме, нашето тело користи маснотии за да создаде енергија и да согорува калории. Кога внесуваме повеќе калории отколку што согоруваме, телото ги складира како маснотии, а долгорочното складирање маснотии може да произведе опасни соединенија што доведуваат до болести.“
Исхраната е од големо значење
Слатката храна, зашеќерените пијалоци и алкохолот обезбедуваат изобилство на калории кои не само што доведуваат до зголемено складирање на маснотии, туку можат да го активираат кортизолот и другите хормони кои дополнително го стимулираат таложењето на маснотиите на стомакот.




Нездравата исхрана и внесувањето премногу калории може да ја зголемат поспаноста и да ја намалат мотивацијата за вежбање, зголемувајќи го ризикот од таложење сало на стомакот.