Штрудла со тиква и јаболка ( Рецепт)

Состојки
500 г кори за пита и баклава (15 листа)
120 мл Масло
150 мл Вода со 1/2 лажиче пециво

Фил
500 г рендани јаболка
500 г рендана тиква
2 лажици шеќер
2 пакетчиња ванила
2 лажички цимет
3 лажици гриз
За сируп
120 мл вода
2 лажици шеќер

Ова е највкусната штрудла која сум ја пробала. Просто кажано е магична! Спојот на вкусови и ароми е совршен, се топи в уста и е радост за сите сетила. Се добиваат доста парчиња и поголемиот дел ќе го подарам утре за празникот.

1. Изрендајте ги лупените јаболка и исчистената тиква. Додадете гриз, ванилин шеќер, ореви, цимет и 2 лажици шеќер. Ова ќе ви биде филот.
2. Измешајте ги водата со прашокот за пециво и маслото. Овој прелив ќе го користите за премачкување и попрскување на корите. Во моето пакување имаше точно 15 кори и направив 5 ролати со по 3 кори. Ако вашите се подебели и помалку на број, земајте по 2 и обратно, ако се потенки, може да земате и по 4.

3. Земете 3 кори и сите убаво попрскајте ги со мешавината на масло и вода. На едниот крај, нанесете 4 полни лажици фил и замотајте ролат. Префрлете го ролатот во плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката со останатите кори. Гледајте да ви остане малку вода со масло за на крај да ги премачкате ролатите одозгора.
4. Исечете ги на парчиња (по 6 во хоризонтала) и наросете одозгора малку шеќер и цимет и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени 40 минути. Додека се печат штрудлите, ставете ја водата со шеќерот да се сварат, нека повари шербетот неколку минути и тргнете го да се олади целосно.

5. Откако ќе се испечат штрудлите. оставете ги да се оладат, па потоа со четче, премачкајте ги со шербетот. Ние бевме нетрпеливи и уште додека штрудлата беше топла и непремачкана со шербетот си каснавме, и така е превкусна. Некои наросуваат шеќер во прав одозгора, но јас не го сакам и не сакам да ја покрива убавата златна боја и затоа ја премачкав со шербет.
На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *