Јапонска диета поради која пејачката Милица Павловиќ изгледа фит – за 14 дена се слабее и до 8kg

Српската пејачка Милица Павловиќ (30) од почетокот на кариерата плени со својот изглед.
За да остане витка таа сепак внимава на исхраната, а своевремено ја практикувала и т.н. jапонска диета со банани.

„Пријателите ми го кажаа овој начин на исхрана, па добив информации на интернет и им го препорачувам на сите. Секако, со лекарска консултација. Ништо без тоа. Секој мора да најде што најмногу му одговара на неговиот метаболизам“ изјави пејачката.

Jапонската диета?

Станува збор за двонеделна диета која комбинира механизми за забрзување на метаболизмот и промена на навиките, а потсетува на начинот на исхрана кој е застапен во Јапонија.

Во текот на двете недели е забрането консумирање на шеќер, алкохолни пијалаци, вештачки сокови, брашно, а се препорачува да се намали солта на минимум – толку многу што храната е речиси целосно несолена.

Се препорачува зголемен внес на вода, како и лесна физичка активност. Дури и половина час пешачење ќе ви помогне, ако не сте премногу активни.
Храна што треба да се внесува: риба, ориз, житарки, производи од соја. Исто така, многу свежо овошје, јајца, кафе и чај.

Leave a Reply

Your email address will not be published.