Ќофтиња во доматен сос

Состојки:
500 гр. мелено јунешко месо
250 гр. мелено свинско месо
(може да користите и само јунешко, само свинско, само телешко и сл…)
1 јајце
3 лажици мелен бадем




1+1/2 лажичка сол
1/2 лажичка црн бибер
2 лажички оригано
1/2 лажичка лук во прав
400-500 гр. тегла или кознерва доматен сос
(ако најдете некој што има и босилок во него – ќе биде одлично)
ситно исецкан магдонос за гарнир




Начин на подготовка:
Во голем, длабок сад се додаваат меленото месо, јајцето, зачините и брашното. Убаво се промешува со рака, само бидете внимателни да не гмечите премногу за да не се направи “гумено” месото.
Од смесата се форимираат топчиња, јас ги правев во големина на два фриза одприлика. Не многу големи, ама не ни многу мали. Од оваа грамажа на месо ми искочија околу 19-20 топчиња.
Се загрева малку масло за готвење на тавче (на средно-висока температура). Нека биде доволно големо за да ги собере сите топчиња.
Се додаваат сите топчоиња во еден слој и се пржат по 3-4 минути од страна. Треба да добијат убава коричка и златеникаста боја.
Се намалува температурата на ниско. (кај мене беше од 7мица на 4ка) Се додава доматното пире и ако има потреба малку водичка. Нека биде убаво прелиено и опфатено со сите ќофтиња.




Се поклопува и се остава да прокрчка околу 10-15 минути за убаво да се свари и сите вкусови да се изедначат и соединат.
На крај се додава и исецканиот магдонос за малку свежина.
Највкусно е да се јаде кога е топло и свежо ама е подеднакво вкусно и ако чувате остатоци за наредниот ден. Може да си подготвите поголема порција, да чувате во затворен, стаклен сад во ладилник и да стоплите пред јадење.