10 природни начини за избелување на забите дома

Сите сонуваме за совршена бела холивудска насмевка, но не секој од нас може да си дозволи скапи терапии за белење на заби што ги користат познатите личности. Не само што одземаат многу време и пари, туку не се секогаш многу добри за здравјето на нашите заби.

Затоа секогаш е најдобро да се свртиме кон природни лекови, кои секако ги поштедуваат нашите заби и што повеќе ја зачувуваат нивната глеѓ. Денес ви нудиме 10 начини како да ги избелите забите дома – лесно, брзо и ефикасно.

Активниот јаглен е еден од најевтините и најефикасните начини за природно избелување на забите. Скршете таблета додека не добиете прав, натопете чиста четка за заби во неа и измијте ги забите.

Паста за заби, сол, прашок за пециво и сок од лимон – измешајте лажичка паста за заби, малку сол, малку прашок за пециво и 4-5 капки лимон. Четкајте ги забите со смесата околу 5 минути и ќе ја видите разликата во еден момент. Користете го овој метод еднаш на секои 2 месеци.
Јагоди – смлечкајте ги со лажица и измијте ги забите со оваа „паста“. Ќе видите како ќе ги отстрани жолтите дамки од вашите заби.

Јаболков оцет и вода – ставете половина лажичка оцет во чаша вода и плакнете ја устата секој ден со смесата пред да ги измиете забите.

Сок од лимон и вода – измешајте еднакви делови сок и вода. По користењето на оваа смаса вашите заби ќе станат видливо побели.

Морска сол, сок од лимон и паста за заби – измешајте половина лажичка морска сол, малку сок од лимон и паста за заби. Намачкајте ги забите со смесата и измијте ги по една минута.

Прашок за пециво и сок од лимон – лажичка прашок за пециво и лажичка сок од лимон ќе направат чуда за вашите заби за само 2 минути.

Водород пероксид – за таа цел не треба да имате многу чувствителни заби. Натопете стапче за уво во пероксид и нежно измијте ги забите. Не треба да се прави често за да не се оштети глеѓта на забите.

Сода бикарбона и лимон – ставете малку сода бикарбона на четката за заби, додадете неколку капки лимон и ќе имате сјајни заби. Запомнете дека не треба да го користите овој метод повеќе од еднаш неделно.

Млеко во прав и паста за заби – млекото во прав ќе ги направи вашите заби бисерно бели и поздрави. Ставете малку во вашата паста за заби и измијте.

Leave a Reply

Your email address will not be published.