12 СОВЕТИ ЗА ДИЕТА ОД НАЈПОЗНАТИОТ ГАСТРОЕНТЕРОЛОГ НА СВЕТОТ: За сите оние кои сакаат да бидат витки и здрави

Познатиот јапонски лекар, гастроентеролог и хирург Хироми Шиња остана запаметен како голем експерт кој им помогна на Стинг, Дастин Хофман, Кевин Клајн во регулирањето на исхраната.
Докторот по гастроентерологија и хирургија Хироми Шиња е запаметен како голем експерт и автор на неколку бестселери за здрав начин на живот.




Неговиот начин на исхрана им помогна на Дастин Хофман, Кевин Клајн, Стинг и други да го доведат своето тело до совршенство.
Денес ви пренесуваме 12 совети за исхрана:




Јадете храна богата со ензими.
Направете вашето мени да се состои од 50% житарки, 35-40% зеленчук и овошје и само 10-15% месо.
Обидете се да јадете само нерафинирани зрна.
Јадете повеќе свежа, необработена храна.




Ограничете го внесот на млечни производи што е можно повеќе.
Изберете риба наместо месо. Месото не ја зголемува виталноста. Го забрзува процесот на стареење.
Дневната норма на протеини (месо, риба) за лице е приближно 1 грам протеин по килограм тежина. За човек од шеесет килограми доволни се 60 грама животински протеини дневно.




Избегнувајте маргарин и пржена храна.
Темелно џвакајте ја храната и обидете се да јадете мали оброци.
Пијте најмалку 1,5-2 литри вода дневно. Најдобро е да се пие наутро, веднаш по будењето, а исто така и 1 час пред секој оброк – ова е најдобриот начин да се задоволи потребата на телото за вода. За само триесет минути, водата ќе помине од желудникот во цревата и затоа никако нема да го наруши процесот на варење.




Најдобар начин за пиење вода: 500-700 милилитри наутро на празен стомак; 500 милилитри час пред појадок; 500 милилитри час пред ручек. Избегнувајте кафе, зелен и црн чај што е можно повеќе. Дајте предност на чаеви од билки, овес и хељда не повеќе од 1-2 чаши на ден.
Ако е можно, не јадете или пиете по 17 – 18 часот. Ако се чувствувате многу гладни, можете да земете мала порција овошје.