Највкусните мафини со боровинки

Состојки (за 10 мафини):

3 јајца
100 g грчки јогурт или 2/3 од канчето – може да се замени со павлака и со кисело млеко
3 лажици мед
4 лажици маслиново масло

2 лажици мелени лешници
180 g овесно или било какво брашно
ванила и малку цимет (по желба)
малку пециво
замрзнати боровинки или друго црвено овошје
мед и какао

Подготовка:
Јајцата, грчкиот јогурт, медот и маслиновото масло измешајте ги заедно со миксер. Потоа во течната изматена смеса додадете го брашното, пецивото, мелените лешници и доколку сакате ставете малку цимет и ванила. Измешајте убаво. Можете и со мискерот ама на најмала брзина или со лажица.

Во калапи за мафини ставете малку од смесата ама не го полнете целото калапче. Па ставете по ½ лажичка крем или џем и врз тоа ставете уште малку од смесата за мафини. На крај на секој мафин ставете по 2-3 боровинки или пак некое друго црвено овошје.

Најубаво е доколку имате да користите силиокснки калапи за мафини затоа што на крај многу лесно се вадат од нив.
Ова тесто исто така можете да го испечете и како пита.
Се печат 20-тина минути на 170С во добро загреана рерна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *