15 генијални трикови за чистење и организирање на домот што веднаш ќе сакате да ги пробате

Можете да го освежите тепихот со мешавина од сода бикарбона и неколку капки етерично масло, а за темелно чистење на туш-кабината направете мешавина од оцет и средство за садови.

Најдоброто од сè во нејзините трикови за чистење е тоа што скоро секогаш користи природни состојки како сода бикарбона и оцет кои сигурно ги имате дома.
Во продолжение дел од најдобрите трикови на Чантел:
За да не ви паѓаат копчињата од кошулите, ставете им безбоен лак за нокти
Откако ќе ја исчистите тоалетната школка, исушете ја четката на овој начин

Дел од чашите за вино ставете ги наопаку за да имате повеќе простор
Истријте ги мијалникот со лимон или портокал за да го отстраните бигорот

Во тенџере зовријте талог од кафе и ванила за пријатен мирис во домот
Во пола шолја ориз ставете 4 капки етерично масло и ставете го во гардеробер за да се ослободите од непријатните мириси

Еднаш месечно исчистете го филтерот на машината, за облеката да има посвеж мирис
За лесно да ја исчистите микробрановата печка, внатре ставете сад со сок од лимон и вода и пуштете ја 4 минути. Пареата ќе ви помогне брзо и ефикасно да ги отстраните дамките од храна
Одбележете ги клучевите со лак за нокти за лесно да ги распознавате

Под кесата за ѓубре во корпата ставете памук со неколку капки етерично масло за да го намалите непријатниот мирис
Чистете ја туш-кабината со мешавина од оцет и 2 лажици средство за садови
Редовни чистете го душекот со правосмукалка за да ја спречите појавата на штетници
За добро да ја исчистите чешмата, во кеса ставете бел оцет, па ставете ја на чешмата како на фотографијата и оставете да отстои преку ноќ

За темелно да го исчистите стаклото на рерната употребете пена за бричење
За да ги освежите теписите измешајте 5 капки етерично масло со 1 шолја сода бикарбона, па истурете ја смесата на тепихот. Оставете да отстои барем еден час и соберете со правосмукалка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *