Највкусната мусака од тиквица, кашкавал и сланина веднаш ке побарате (РЕЦЕПТ)

Мусака од тиквица, кашкавал и сланина. Прекрасен ручек, малку поразличен од оној на кој сте се навикнале ако преферирате мусака од тиквички со мелено месо. И за мене беше првпат и сум воодушевена. Оваа количина е доволна за двајца.
Состојки

1 голема тиквица
100 г кравји кашкавал исечен на ленти
100 г моцарела исечкана на коцки
100 г димена сланина на ленти

2-3 чешниња лук
малку доматен сос по желба
Подготовка:

1. Исечете ја тиквицата на тенки ленти во должина. Посолете ги парчињата и оставете 30 мин да се ослободи вишокот вода. Нежно притиснете ги и избришете ја водата од нив.
2. Потоа намастете едно помало тавче (можи и вака како моето правоаголнесто) и наредете на дното 4 парчиња од тиквицата. Одозгора ставете кашкавал и моцарела и 3 ленти сланина.

Продолжете да ја редите мусаката по тој редослед. Измеѓу ставете 2-3 чешниња лук. Потреба од сол нема.
3. Покријте го тавчето со фолија и ставете да се пече 1 час на максимална температура. После печење, оставете да се олади 15тина минути па послужете. Одлично оди со зелена салата.
На здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.