4 бабини рецепти за кои не треба да трошите пари

Постојат разни народни лекови, но со некои од нив не треба да се обидувате да се ослободите од болестите, бидејќи може само да му наштетат на вашето здравје.
Дали температурата ја намалувате со листови зелка или сите можни тегоби ги лекувате со лук и сода бикарбона? Пред да прибегнат кон хемијата, многумина прво им даваат шанса на бабините лекови. Некои од нив работат и навистина можат да помогнат, а некои се сосема бескорисни. И не само што не помагаат, туку можат и да му наштетат и на организмот кој е веќе ослабен од болеста.

За тоа кои бабини лекови можеме слободно да ги заборавиме бидејќи немаат апсолутно никаков ефект, објасни познатиот руски лекар Александр Мјасников.Течење нос
Носот кој не престанува да тече е крајно непријатна појава, а некои проблемот се обидуваат да го решат со капнување сок од лук во ноздрите. Овој третман во никој случај не се препорачува, вели д-р Мјасников. Иритираната и изгорена слузница ќе почне да се брани со тоа што ќе почне да исфрла прекумерна течност, односно да го прави токму она што ние се обидуваме да го излечиме.

Инхалација над варени компири
За да ги исчистите дишните патишта и да го исчистите носот, сигурно сте пробале да вдишувате пареа пд варени компири. Овој третман може да донесе олеснување, но само во ублажување на симптомите, а не и во борбата против вирусот. Заклучокот е дека тоа нема да влијае на закрепнувањето, односно се мачите за краткорочно олеснување кои не се исплати.

Клистир за глисти
Можеби не сте слушнале, но според некои народни рецепти решението за глисти во цревата е клистир со лук. Рускиот доктор објаснува дека овој третман може да помогне само кај глистите кои се практично на излезот од дебелото црево, но не и кај оние кои се населиле малку подлабоко. Покрај тоа, речиси е сигурно дека клистирот со лук ќе предизвика цревни нарушувања.

Зелка за гастритис
Одамна е докажано дека гастритисот го предизвикува бактеријата Helicobacter pylori која може да се отстрани од желудникот само со помош на антибиотици. Затоа, пиењето сок од зелка е апсолутно неефикасно во овој проблем, без разлика дали се зема на празен стомак или после оброк. Не е важно кога ќе го пиете, едноставно нема да ви помогне. Единственото нешто што ќе се случи е отечување на стомакот и зголемување на гасовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *