НАЈВКУСНАТА Kрем торта досега

СОСТОЈКИ:
300 г брашно (состојки за тесто)
150 г шеќер во прав (состојки за тесто)
40 г ванилин шеќер (состојки за тесто)
170 г путер (состојки за тесто)

½ пакетче прашок за пециво (состојки за тесто)
4 жолчки (состојки за тесто)
700 мл млеко (состојки за крем)
1 рендана кора лимон (состојки за крем)
200 г шеќер (состојки за крем)
6 жолчки (состојки за крем)
80 г брашно (состојки за крем)

20 г путер (состојки за крем)
40 г бадеми (за посипување)

Во сад, на оган, измешајте го млекото заедно со 100 г шеќер и оставете го да зоврие. Настрана, жолчките, со помош на маталка, изматете ги заедно со преостанатиот шеќер.
Комплетирање на кремата

2.Во смесата со жолчките додадете го брашното, кората од рендан лимон и додадете го топлото млеко. Вратете го на оган, постојано мешајќи, околу 10-тина минути, оставете кремот да ја добие потребната густина. Во оладениот крем додадете путер.

3.Во пластичен сад измешајте ги сите состојки за подготовка на тестото. Месете се додека не добиете фина и хомогена смеса. Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер барем половина час да се одмори.

4.Тестото расукајте со големи на калапот за печење. Калапот намачкајте го со путер и обложете го со расуканото тесто. Отстранете го вишокот тесто и со виљушка избоцкајте го.

5.Истурете ја претходно подготвената крема, наросете со крупно сечкани бадеми и печете во загреана рерна, ана 180 степени околу 50 минути. Оладената торта посипете ја со шеќер во прав и сервирајте ја

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *