Мудри совети од Старец Харалампиј за бракот

Прашање и совет од Старец Харалампиј:

– Свет старче, не знам ни самиот што ми се случува. Ја засакав својата жена и се оженив со неа. Во почетокот нашиот живот беше рај. Но, сега, не знам што ме фати, не можам да ја гледам.

Отпор, антипатија, зло. Кога ќе ме погледне, се чувствувам како да го гледам непријателот пред себе. Мојот живот е пекол. Што да правам? Да се разведам?

– Да се разведеш? Дали ти тоа сериозно зборуваш? Дали си при себе? Не ли разбра, дете мое, дека бракот е една од седумте Свети Тајни на нашата Црква? Знаеш ли дека си ветил дека заедно ќе го носите теретот на бракот пред Бог до смртта? Ти бракот го сфаќаш бунтовнички.

– Добро старче, зошто толку други луѓе секој ден се разведуваат?

– Е, значи, ако повеќето полудат и се откажат од својата вера ќе кажеме: тоа е мода. Треба ли и ние да ја следиме модата? Т.е. ако светот одлучил да оди во пекол со таа мода, треба ли и ние по секоја цена да одиме со него во пеколот?
Ти велиш дека твојот живот е сега пекол. Ако отидеш во оној страшен вечен пекол кој ги согорува блудниците, прељубодејците и оние кои го погазија бракот, каква полза?
– Па што да правам, отец? Манастир Дионисијат, Света Гора
– Зарем не разбра дека тоа што ти се случува е чист сатана со рогови? Си оставил некој отворен прозорец и тој влегол внатре.
Откако старецот му даде соодветни упатства и лекови, појде да го испрати и тогаш му рече:

– Сакам набргу повторно да дојдеш да те видам. До тогаш секој ден ќе ве спомнувам, тебе и твојата жена, и ќе вртам бројаница.

Бидејќи овој млад човек ги послуша упатствата, и со содејство на молитвите на Старецот, не задоцни набргу да се врати и да му објави радосна вест, дека осетил како нешто, како некој облак, кој го обвил, да си заминува од него. Од тогаш повторно се врати онаа прва љубов и почит кон сопругата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *