5 грешки кои ги прави речиси секој додека пиеме вода ,а се лоши за вашето здравје!

Дознајте кои грешки со водата за пиење ви отежнуваат да ја поднесете жештината, но го ризикувате и вашето здравје. Водата ни е потребна за функционирање на целиот организам, а нема ништо поубаво од тоа кога на жештина ќе „истурите“ чаша вода низ грлото. Меѓутоа, поради некои грешки кои ги правиме при пиењето на најздравиот пијалок на светот, потешко ја поднесуваме топлината, а го ризикуваме и нашето здравје.

Повторна употреба на пластични шишиња
Доколку и вие спаѓате во групата на луѓе кои полнат и носат пластични шишиња со вода, го ризикувате вашето здравје. Имено, повеќето шишиња содржат БПА, т.е. тие се направени од пластика која содржи бисфернол А, за кој се покажало дека може да навлезе во храната и пијалоците. Научниците тврдат дека оваа супстанца го зголемува ризикот од некои здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, дијабетес.

Поради сето ова, најдобро е да користите стаклени шишиња за вода или барем оние направени од пластика без БПА (BPA free).

Пиете ладна вода
Повеќето луѓе ќе посегнат по чаша ледена вода за да се разладат во текот на летото, но тоа воопшто не е паметно. Студената вода всушност нема да ви помогне да се разладите побрзо, напротив. Поради пребрзото ладење на внатрешноста на организмот, телото ќе го доживее како сигнал дека ви е ладно, па веднаш ќе престане со потењето, што е природен начин на ладење. Најдобрата опција секогаш е водата на собна температура.

Пиете вода со ароми
Нема ништо лошо ако повремено пиете вода со вкус, но во никој случај не се препорачува постојано да го правите тоа. Вештачките вкусови и засладувачи го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2 и може да ве натераат почесто да бидете гладни. Подобра опција е да додадете лимон во водата, ако веќе сакате да и дадете некој вкус.

Не пиете доволно вода
Конзумирањето доволно количество вода е секогаш важно, а во лето е уште поважно бидејќи треба да ја надоместиме течноста што ја губиме со потење. Покрај тоа, водата е важна за варењето, спречува запек и има улога во исфрлање на токсините од телото и хидратација на кожата. Препорачаната дневна доза е во просек околу два до три литри вода, но експертите велат дека најдобро е да се подели бројот на килограми што ја претставуваат вашата телесна тежина со осум и ќе го добиете бројот на потребни чаши од 2,5 децилитри кои треба да се испијат дневно.

Вода пиете само кога сте жедни
Звучи многу парадоксално, но не е паметно да пиете вода само кога сте жедни. Кога чувствувате жед и сува уста, тоа веќе е сигнал за дехидратација, што воопшто не го сакате. Наместо тоа, најдобро е да пиете вода постојано во текот на денот, но помалку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *