5 знаци дека вашето дете нема самодоверба

Little Girl Hiding Her Face From Camera
Мајките и татковците често мислат дека фалејќи ги своите малечки им ја зголемуваат самодовербата, но понекогаш тоа не е доволно. Честопати, без оглед на тоа колку родителите се трудат да ги поддржат своите деца во сè, да ги охрабрат и расположат, тие во одреден момент ќе се чувствуваат несигурни.
Токму затоа задача на секој родител е да препознае кога на неговото малечко му треба поттик и кога е потребно да ја врати разнишаната самодоверба.
Еве пет сигурни знаци кога треба да преземете акција:




Детето не може да прифати ниту критика, ниту пофалба
Дури и конструктивната критика може лошо да влијае на детето кое не е сигурно во себе, но ништо не е подобро од пофалба. Децата со ниска самодоверба не се во состојба да прифатат комплимент, бидејќи можеби мислат дека тоа не е вистина. Тие обично реагираат на пофалби со несогласување, вртење на главите или превртување со очите (во некои случаи сите три).




Детето го избегнува секој предизвик
Дали вашето дете избегнува задачи без воопшто да се обидува да ги реши? Дали се откажува при првата пречка? Ова обично укажува на страв од неуспех, кој произлегува од несигурноста и ниската самодоверба.




Детето не се дружи со врсниците
Иако дружељубивоста не е карактеристика на секое дете, срамежливоста може да биде знак за поголем проблем. Ако детето избегнува дружење со врсниците, тоа може да значи дека се грижи што другите ќе кажат или прават за било што. Оваа особина може да дојде и од никаде, па затоа обрнете внимание ако вашето дете е помалку социјално со пријателите или повеќе не ужива во активностите во кои уживаше порано.




Детето е самокритично
Понекогаш родителот може да забележи дека детето е самокритично, но понекогаш тоа не е толку очигледно. Иако негативноста е особено изразена во тинејџерските години, малите деца се исто така подложни на ниска самодоверба. Ако вашето дете често дава лоши коментари за неговиот изглед, интелигенција или личност, време е да го пофалите.




Дете ги малтретира своите врсници
Често се смета дека насилниците „пукаат“ од самодоверба. На крајот на краиштата, тие одат со кренати глави и не им е грижа што мислат другите. Меѓутоа, најчесто така се однесуваат токму затоа што сакаат да ја сокријат својата несигурност и недостаток на самодоверба.