5 маски за лице за мрсна кожа

Mрсната кожа можеби изгледа како страшен и неподнослив проблем, но има една прекрасна придобивка – мрсната кожа е помалку склона кон брчки. Сепак, на мрсната кожа и е потребна посебна нега и редовно чистење, бидејќи вишокот на себум создава услови за раст на бактериите, а може да предизвика акни, затнати пори, митесери, сјај.




Како да се грижите за вашата мрсна кожа? Како да се балансира секрецијата на себум, да се намали сјајот и да се намали ризикот од појава на акни?
Со помош на прекрасни маски со природни производи кои прекрасно делуваат на мрсната кожа.




Маска со активен јаглен
1 лажица хумус;
1 лажица активен јаглен во прав (од капсула);
2 лажици вода;
Масло од семе од грозје.
Измешајте ги сите состојки во сад. Додадете 1-2 капки есенцијално масло од семки од грозје. Добро промешајте. Нанесете на чиста и сува кожа. Оставете ја маската да делува 15 минути и исплакнете.




Маска од сода бикарбона
1 лажица вода;
1 лажица сода бикарбона.
5 од најдобрите маски за мрсна кожа
Измешајте ги сода бикарбоната и водата до мазна паста. Добро промешајте. Нанесете на кожата и оставете да делува 10 минути. Добро исплакнете. Сода бикарбона има антибактериско дејство, го намалува лојот и ги намалува порите.




Маска со белка од јајце и мед
1 белка од јајце;
1 лажичка мед;
1 лажица мелен овес.
Изматете ги белката и медот додека не се запенат. Користете жица за матење. Додадете го мелениот овес. Мешајте додека не добиете паста. Нанесете со движења на масажа, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете да делува 15-20 минути и исплакнете.