5 работи кои родителите ненамерно ги прават и со тоа ги оддалечуваат своите деца

Понекогаш, дури и наједноставните работи кои ги прават родителите може да направат детето да не сака да биде во нивна близина и со тоа ненамерно го оддалечуваат детето.

Дозволувате вашето расположение да влијае на вашиот однос со детето

Ова не значи дека треба да ги криете емоциите од вашето дете, но треба да бидете свесни како да управувате со нив и да пронајдете начини подобро да се справувате со стресните ситуации. Понекогаш мислиме дека децата се премногу мали за да препознаат како се чувствуваме, но тие може да бидат многу чувствителни на расположението на родителите. Постојаниот стрес може да предизвика бурна реакција кај децата и долгорочно да ги иддалечи од вас. Најдете време за себе и децата и пружете им емоционална поддршка која им е потребна.
Правите нешто друго додека детето се обидува да ви каже или покаже нешто

Децата не се секогаш расположени за разговор, но кога ќе дојдат кај вас, потребно им е ваше целосно внимание. Инаку ќе мислат дека не ви се приоритет и дека не ви се важни, што може да доведе до тоа да ги задржат своите емоции за себе. Затоа, кога детето ќе дојде кај вас со нешто важно то сака да ви го каже, престанете со тоа што во моментот го правите, воспоставете контакт со очите и вклучете се целосно во разговорот.

Постојано ги прашувате за нивните проблеми
Постојаното испитување на детето за тоа што го мачи може да го направи нервозно и да го натера да посака самото да ги решава неговите проблеми. Сите се справуваме со стресот на различни начини, а децата не се исклучок од ова. Затоа, наместо да го терате своето дете да ви каже нешто што не сака, обидете се да му поставите помалку директни, ненаметливи прашања.
Не ги сфаќате сериозно проблемите на вашето дете

Сфатете ги вашите деца сериозно, дури и доколку неговите чувства или реакции ви се чинат глупави. Наместо да ги исмејувате, споделете им лично искуство за да им помогнете подобро да се справат со проблемот.
Станувате строги кога ги покажуваат првите знаци на независност

Нормално е и здраво децата да бараат повеќе слобода. Кога тоа ќе се случи, родителите ова обично го доживуваат како недостаток на почит или како да губат контрола над децата, па стануваат построги. Наместо да го правите ова, допуштете му на вашето дете само да донесе некои правила и внимавајте како управуваат со одговорноста. Кога вашето дете ќе види дека му верувате, веројатно ќе покаже позрела и поодговорна страна која до сега не сте ја виделе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *